EN | MK
Mакедонскиот Национален Комитет за Споменици и Места (локалитети) – МНК ИКОМОС е основан на 24 февруари 1994 година, по иницијатива на 43 конзерватори од Македонија, како “Конзерваторски Еснаф на Македонија”. ИКОМОС Македонија е огранок на Меѓународниот Совет за Споменици и Места, со седиште во Париз.

Во комитетов активно членуваат и делуваат повеќе од 107 членови распределени во 15 поткомитети, кои се организирани во работни тела за да организираат низа настани и активности, да остваруваат соработки и да објавуваат публикации, со единствена цел да се зачува и заштити македонското културно наследство.

Цели на МНК ИКОМОС

  • подигање на свеста за значењето и вредностите на културното наследство во македонија, како значајна превентивна активност;
  • зголемен процент на реализација на ИКОМОС форум, како елемент на перманентна и системска едукација и специјализација на конзерваторскиот кадар во република Македонија;
  • користење на експертски совети во доменот на третманот на културното наследство на Р. Македонија, како сервис на локалната самоуправа и елемент на децентрализацијата на културата во Р.М;
  • ефектуирање на мониторинг мисијата за состојбата на културното наследство, како елемент на превентива, односно идна приоритетна активност во доменот на заштита на културно наследство.

МНК ИКОМОС

Претседател м-р Зоран Павлов
Потпретседател Илче Бојчевски
Секретар д-р Лазар Шуманов
Претседател на Собрание Бобан Хусеновски
Потпретседател на Собрание Стефан Данев
 
Icomos International