ИКОМОС Форум:
На 26.03.2010 година со почеток во 11:30 часот во просториите на Музејот на Македонија Македонскиот национален комитет на ИКОМОС организира Форум на тема: „ИСКУСТВО СТЕКНАТО НА СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ КУРСЕВИ ЗА ТРЕТМАНОТ НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО“. Своите искуства од меѓународните курсеви ќе ги пренесат м-р Владо Муковски, сликар - виш конзерватор во Националниот конзерваторски центар - Скопје, Горан Патчев, архитект - конзерватор во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Охрид и м-р Снежана Герасимова Матеска, архитект советник во Управата за заштита на културното наследство.
Алманах за членовите на МНК ИКОМОС:
Почитувани колешки и колеги, сегашни и бивши, членови на МНК ИКОМОС,
Ве информираме, дека по повод 15 години од формирањето на Македонскиот национален комитет на ИКОМОС, во подготовка е издавање на Алманах во кој ќе бидат вметнати релевантни информации за сите членови на МНК ИКОМОС, како елемент на меморија и пишан запис за конзерваторскиот еснаф на Македонија, од формирањето (1994) до крајот на 2009 година. Алманахот ќе биде публикуван во текот на 2010 година со средства обезбедени од Министерството за култура на Република Македонија.
Секој од членовите треба да ги достави следните податоци:
· Фотографија
· Презиме и име
· Образование (средно, високо - се мисли на завршено, со диплома)
· Стручно звање (конзерватор, виш конзерватор, конзерватор –советник; кустос, виш кустос,; кустос-советник и др.)
· Научно звање (м-р; д- р)
· Институција во која работи/работел/а (за време на членството во МНК ИКОМОС)
· Години во кои колешката/колегата биле членови на МНК ИКОМОС;
· Минимум 5 најзначајни труда/достигнување на членот во периодот додека бил член на МНК ИКОМОС (наслов на труд/објавен во….:/проект:година /реализиран: година/ останато:);
· Информации за контакт: адреса на живеалиште, тел/факс/мобилен/е-маил/ во време на доставување на информљциите;
· Ден на доставување и своерачен потпис на доставувачот: членката/членот;
Сите досегашни членови на МНК ИКОМОС, се замолени, доброволно да ги достави горе бараните информации најдоцна до 15.05.2010 година.
Издавачот, МНК ИКОМОС, ќе ги вклучи во Алманахот, сите информации доставени од ченовите во бараниот рок.
Издавачот на публикацијата “Алманах на МНК ИКОМОС 1994-2009”, (МНК ИКОМОС), факсимилно ќе ги објави информациите доставени, со потпис, од сегашните и бившите членови на МНК ИКОМОС.
м-р Зоран Павлов
Претседател
д-р Лазар Шуманов
Секретар