ИКОМОС ФОРУМ: Духот на македонската куќа и македонската градба:
На 15 јуни 2010 година во 11.30 часот во кино салата на Музеј на Македонија проф. Петар Муличковски ќе одржи предавање на тема „
Духот на македонската куќа и македонската градба„.
Предавањето ќе биде проследено со видео проекции од деловите на трите
објавени книги на проф.Муличкоски - „Духот на македонската куќа„, Духот
на македонскиот град„ и Духот на македонската градба (конструкциите).
18 април 2010 - Меѓународен ден на споменици и локалитети:
На предлог на меѓународниот ИКОМОС, 18 април е предложен како Меѓународниот ден за спомениците и локалитети во целиот свет. Во 1983 година на 22 Генерална конференција на УНЕСКО идејата беше прифатена и беше донесена Резолуција за воспоставување Ден на светското наследство. Овој ден нуди можност за подигање на јавната свест во врска со различноста на светското наследство и напорите тоа да се заштити и зачува но и да се обрне внимание за неговата ранливост.
Како тема за прославување на Меѓународниот ден на споменици и локалитети за 2010 година е одредена „Земјоделско наследство“.
По повод меѓународниот ден за споменици и локалитети Македонскиот Национален Комитет на ИКОМОС на 17.04.2010 година одржа Форум во прекрасниот амбиент на манастирот Св. Јоаким Осоговски - Крива Паланка. На форумот покрај поздравните говори искажани од м-р Зоран Павлов, претеседател на МНК ИКОМОС, г-дин Арсенчо Алексовски - градоначалник на Крива Паланка, г-дин Александар Рангелов - директор на Центарот за култура - Крива Паланка и г-дин Добре - игумен на манастирот, за земјоделското наследство со свои излагања, согледувања и примери се преставија:
- Јован Ристов - „Што е тоа земјоделско наследство“
- Кира Петковска - „Земјоделското наследство во Македонија“
- Гордан Николов - „Традиционалното земјоделие - завештание од минатото - пасош за иднината“
- д-р Лазар Шуманов - Валавница на р.Пена во Тетово“
- Александар Рангелов - „Ревитализација на валавница на Дурачка река, Крива Паланка“
Почитувајќи ги начелата за прослава на овој меѓународен ден за споменици и локалитети, на 18.04.2010 година членовите на МНК ИКОМОС посетија и неколку значајни споменици и археолошки локалитети во регионот. Покрај посетата на манастирот Св. Јоаким Осоговски, беше посетен и градот Кратово со мноштвото кули, мостови и староградска архитектура, манастирот Св.Гаврил Лесновски, црквата Св.Ѓорѓи - Г.Козјак како и археолошкиот локалитет Баргала во близина на Штип.
Галерија:
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19
ИКОМОС Форум - „Искуство стекнато на специјалистички курсеви за третманот на културното наследство“:
На 26.03.2010 година со почеток во 11:30 часот во просториите на
Музејот на Македонија Македонскиот национален комитет на ИКОМОС
организира Форум на тема: „ИСКУСТВО СТЕКНАТО НА СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ
КУРСЕВИ ЗА ТРЕТМАНОТ НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО“. Своите искуства од
меѓународните курсеви ќе ги пренесат м-р Владо Муковски, сликар - виш
конзерватор во Националниот конзерваторски центар - Скопје, Горан
Патчев, архитект - конзерватор во Заводот за заштита на спомениците на
културата и музеј - Охрид и м-р Снежана Герасимова Матеска, архитект
советник во Управата за заштита на културното наследство.
Потпишување на Меморандум за соработка:
На 16.03.2010 година (Вторник) во 11.00
часот во просториите на НУ Музеј на современата уметност во Скопје,
Националните комитети на ИКОМ, ИКОМОС и Син штит ќе потпишат Меморандум
за соработка на полето на заштитата, истражувањата и презентацијата на
природното и културното наследство во Република Македонија.
Потпишувањето на Меморандумот преставува можност за истакнување на
взаемниот интерес и потреба од квалитетно остварување на основните цели
и заложби на секој од Комитетите.
Галерија:
1 2 3 4 5
Годишно собрание на МНК ИКОМОС:
Македонскиот национален комитет на ИКОМОС на 26 фебруари 2010 година во
просториите на Музејот на Македонија ја одржа својата редовна (30)
годишна седница на Собранието на Комитетот. Во присуство на поголем
број членови, беа доделени благодарници на сите членови потписници на
основачкото собрание кое се одржа во 1994 година.
Во понатамошната работа на собранието беа разгледани и усвоени
Извештаите за работа и материјално-финансиско работење на МНК ИКОМОС во
2009 година, а беше презентирана и одобрената програма за работа од
страна на Министерството за култура за 2010 година.
На собранието, по предлог на Извршниот комитет, за почесен претседател на МНК ИКОМОС беше избран д-р Лазар Шуманов, прв претседател на МНК ИКОМОС.
Одбележани 15 години од постоењето на МНК ИКОМОС:
Во просториите на Мултимедијалниот центар „Мала Станица“ во Скопје на 18 декември 2009 година беше одбележан јубилејот 15 години од постоењето на македонскиот национален комитет на ИКОМОС.
Претседателот на Комитетот м-р Зоран Павлов
потенцира дека ИКОМОС 15 години е етаблиран во стручната фела за
заштита на културното наследство и, како што рече, претставува
„конзерваторски еснаф“ на Македонија и еден од 120. национални комитети
ширум светот. Во изминатиот период, најголемо внимание е ставено на
конзервација и заштита на културното наследство преку одржување разни
форуми, трибини и расправи на кои беа опфатени теми кои се однесуваат
на сите аспекти на културното наследство-третманот на археолошките
локалитети, културниот предел и спомениците на природата, религиозното
наследство и светите места...
На свеченоста, по повод 15 години од
постоењето, за долгогодишна поддршка и активно учество во работата на
Комитетот беа доделени благодарници и плакети на: Министерството за
култура, како најголем поддржувач, д-р Лазар Шуманов, основач и прв
претседател на ИКОМОС, д-р Коста Балабанов, д-р Живојин Винчиќ, Јован
Ристов, како и постхумно на Милан Ивановски и на Јован Ананиев.
Галерија:
1
Прослава на 18 април – Меѓународниот ден на културното наследство “НАСЛЕДСТВОТО И НАУКАТА”:
24-25 април 2009 година во Струмица
Галерија:
1 2 3 4 5 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23
ИКОМОС му врачи плакета на Господин Трифун Костовски:
На 31.03.2009 година во Музејот на Македонија, претседателот на ИКОМОС, Зоран Павлов во името на целиот комитет, му врачи плакета за патронство на градоначалникот на Град Скопје, Трифун Костовски, кој е прв патрон на ИКОМОС.
Галерија:
1 2 3 4 5 6 7 8